Сибир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сибир (руски: [Сибирь] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — огромна област во северниот дел на Азија, во состав на Русија. Тој се протега од планината Урал на запад до Тихиот Океан на исток и ги опфаќа Средносибирската Висорамнина и источносибирските планини. Во своите природни граници, Сибир зафаќа 11 милиони км2, со преку 30 милиони жители. По своите природни одлики се дели на две различни области: Западен Сибир - од Урал до реката Енисеј, кој претставува една пространа низина (Западносибирска Низина, најголема во светот) и Источен Сибир - источно од Енисеј, област со ридови, висорамнини и планиниски венци со голема височина. Сибир излегува на бреговите на Северноледениот Океан и поларните мориња: Карско, Лаптевско, Источносибирско, Чукотско, Берингово, Охотско и Јапонско Море.