Стадион Пољуд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стадионот Пољуд (хрватски: Stadion Poljud) е фудбалски стадион во Сплит, Хрватска. Го носи името од соседството Пољуд, и се наоѓа на северната страна од Сплитскиот полуостров, а неговото оригинално име е „Градски стадион во Пољуд“. Стадионот бил изграден за потребите на Средоземните игри 1979 и е домашен терен на фудбалски клуб Хајдук Сплит. Стадионот има сместивост од 35.000.
Стадион Пољуд Stadion Poljud | |
---|---|
Место | Сплит, Хрватска |
Отворен | 1979 |
Сопственик | Град Сплит |
Оператор | ФК Хајдук Сплит |
Подлога | Трева, 105 × 68 метри |
Игра | ФК Хајдук Сплит |
Гледачи | 35,000 |
Комплексот е изграден за да биде домаќин на Средоземните игри во 1979 г. и бил службено отворен од страна на тогашниот југословенски претседател, Јосип Броз Тито. Првичната сместивост беше 55.000 седишта, но тој подоцна е зголемен на 62.000 во 1980 г. Со најновите реконструкции поставени се пластични столчиња на северната и јужната трибина, така што сместивоста му е намалена на 35.000 седишта.
Стадионот Пољуд беше и местото каде се одржале 1990 Европското атлетско првенство и 2010 ИААФ Континентално првенство.