Стефан Маларме
француски симболистички поет / From Wikipedia, the free encyclopedia
Етјен Маларме, попознат како Стефан Маларме (Париз, 18 март 1842 – Валвен, 9 септември 1898 ) – француски поет, предавач, преведувач и критичар.
Стефан Маларме Stéphane Mallarmé | |
---|---|
Портрет на Маларме, од Надар, 1896 | |
Роден/а | 18 март 1842(1842-03-18) Париз |
Починат/а | 9 септември 1898(1898-09-09) (возр. 56) Вилен-на-Сена |
Занимање | поет |
Националност | француска |
Книжевно движење | парнаски поети, симболисти |
Обожувач на Теофил Готје, Шарл Бодлер и Теодор де Банвил, Стефан Маларме објавува неколку поеми во 1862 година. Професор по англиски, од 1863 до 1871 година тој престојува во Турнон-на-Рона, Безансон и Авињон пред да пристигне во Париз. Тука тој ги посетува книжевните автори како Пол Верлен, Емил Зола и Огист де Вилје де Л’Ил-Адам и уметници како Едуар Мане кој во 1876 година насликал негов портрет.
Во својата професија како професор тој се судира со одредени тешкотии (учениците му дофрлуваат), а води мирен семеен живот но со одредени финансиски тешкотии и неволји. Пишува длабоко обработени поеми и ги прима своите пријатели творци во вторниците на улицата Рим или во својата викендичка во Валвен, близу Фонтенбло каде умира на 9 септември 1898 година на 56-годишна возраст.
Привлечен од естетиката на „ларпурлартизмот“, тој соработува со „Современ Парнас“ од 1866 години, трагајќи да го надмини чувството на немоќ поврзано со депресивната состојба. Оттогаш е во потрага по чиста убавина што само уметноста може да ја создаде: „светот е створен за да заврши во убава книга“, е негова изјава. Презема амбициозни дела на кои работи долго како „Еродијада“ (Hérodiade, 1864-1887) или „Попладнето на еден фаун“ (L'Après-midi d'un faune, 1865-1876 за кое Клод Дебиси пишува музика, 1892-94). Обожувач на Едгар Алан По, тој го превел „Гарванот“ (1845), кој бил издаден во 1875 година со илустрации на Едуар Мане.
Во 1887 година излегува едиција од негова поезија која ја покажува неговата стилистичка потрага. Исходот од оваа амбиција за апсолутна поема се појавува во графичката поема од 1897 година „Фрлањето на коцки никогаш не ја укинува шансата“. Оваа потрага по напрегнат израз кон прочистеното сепак на времето го чини префрлањето за херметизам кој останува прикачен за малармеската уметност.
Реномето на Стефан Маларме се консолидира уште повеќе од 1884 година кога Пол Верлен го вбројува во својата серија на „Проколнати поети“ со објавата на една долга статија за Маларме, и како носител на модерното и близок до авангардистите во уметноста и литературата, младите поетски генерации, од Анри де Рењие и симболистите до Пол Валери, го признаваат за маестро. Така, авторот на едно амбициозно поетско дело, Стефан Маларме бил иницијатор, во втората половина на 19 век, на обнова на поезијата чие влијание се мери сè до современите поети како Ив Бонфоа.