Ив Бонфоа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ив Жан Бонфоа (Тур, 24 јуни 1923 - Париз, 1 јули 2016 ) – француски поет и историчар на уметноста.[1] Бонфоа исто така преведувал, издал бројни преводи од кои најзначајни му се драмите од Вилијам Шекспир кои се сметаат меѓу најдобрите на француски јазик.[1][2] Тој бил професор на Колеж де Франс од 1981 до 1993 година и е автор на неколку трудови за уметноста, историјата на уметноста и уметници како Жоан Миро и Алберто Џакомети.[2] Според „Енциклопедија британика“ Бонфоа е „можеби најбитниот францускиот поет на втората половина на 20 век.“[3]