Суперлига на Србија во фудбал 2013/2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперлига на Србија во фудбал во сезоната 2013-2014 година — 8-мо официјлно натпреварување организирано под тоа име од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија. Сезоната започнала на 10 август 2013 година а завршила на 28 мај 2014 година. Во сезоната 2012/13, од лигата испаднале БСК и Смедерево, а во лигата се пласирале два клуба, и тоа: Напредак и Чукарички. Од оваа сезона бил воведен и бараж во кој третопласираната екипа од Прва лига на Србија се натпреварува со четиринаесетпласираниот од Суперлигата, за влез во најсилната лига.
Јелен | |
---|---|
Спорт | Фудбал |
Држава | Србија |
Ранг | 1 |
Понизок ранг | Прва лига на Србија |
Број на екипи | 16 |
Почеток на сезоната | 10 август 2013 |
Крај на сезоната | 28 мај 2014 |
Шампион | Црвена ѕвезда |
◄ 2012/2013 | 2014/2015 ► |
Хајдук на седница која била одржана на 30 јули 2013 година донел одлука да се повлече од лигата главно поради лошата финансиска ситуација во клубот. На седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, одржан на 2 август 2013 година, била донесена одлука испразнетото место да биде пополнето од белградски Вождовац бидејќи исполнил три критериуми - спортски (во претходната сезона го освоил третото место во Првата фудбалска лига), инфраструктурни (нов, современ стадион со рефлектори) и финансиски критериум (без долгови).