Меркат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меркат или сурикат (науч. Suricata suricatta) — мал месојад припадник на семејството на мунгоси (науч. Herpestidae). Станува збор за единствениот член на родот Suricata.[2] Меркатите можат да се забележат во пустината Калахари во Боцвана, во дел од пустината Намиб во Намибија и југозападна Ангола, и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекува „толпа“, „банда“ или „клан“. Еден клан на меркати може да има околу 20 меркати, но некои натсемејства може да имаат и над 50 членови. Во заробенитво, меркатите имаат просечен животен век од 12-14 години, или пак половина од тоа во дивината.
Кратки факти Меркат, Заштитен статус ...
Меркат | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Месојади |
Семејство: | Мунгоси |
Род: | Меркати Демаре, 1804 |
Вид: | Меркат |
Научен назив | |
Suricata suricatta (Шребер, 1776) | |
Област на распостранетост на меркатите |
Затвори
Овие животни можат да се видат во Зоо Скопје.[3] и Зоо Битола[4].