Таблета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таблетите претставуваат понови фармацевтски облици, чија продукција почнала кон крајот на 19 век, кога биле конструирани машините за таблетирање. Првите машини биле рачни, а таблетите не се распаѓале добро, па во 1880 година, кога се откриле особините на скробот да може со набабрување да влијае на нивното распаѓање, почнува ерата на таблетите. Така, во Ph. Jug. II има официнелни 28 видови таблети, додека по Ph. Jug. III повеќе од 100 видови, а исто така повеќе илјади видови се произведуваат во фармацевтските фабрики. Зборот TABLETTAE произлегува од латинскиот збор ТАБУЛА, што значи плочка, а бидејќи се добиваат со пресување (компресија), во некои фармакопеи се среќаваат и под името COMPRESSI. Поради можноста лесно да се земат (во повеќе случаи не е потребна медицинска установа, туку секој пациент може дома и секаде да ги употреби; лесно се чуваат и транспортираат, постабилни се можат точно да се дозираат итн.), таблетите заземаат половина од сите фармацевтски облици. Според Ph. Jug. III таблетите се дозирани, компримирани лековити препарати, добиени со пресување на лековити прашоци или гранулат. Се изработуваат како тврди, најчесто тркалезни плочки со рамна или испапчена површина.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |