Царство на Инките
From Wikipedia, the free encyclopedia
Царство на Инките или Тавантинсују — најголемо царство во претколумбовска Америка[3]. Административниот, политичкиот и воениот центар на царството бил градот Куско во денешната држава Перу. Царството се издигнало од високите планински предели на Андите во 13 век. Од 1438 до 1533 година користеле различни методи за проширување на царството, од освојувања со мирни соединувања. Таа се протегала на западниот дел од Јужна Америка, од Еквадор до Чиле.
Четирите обединети покраини | |||||
Tawantinsuyu | |||||
царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Царството во својот најголем подем. | |||||
Главен град | Куско (1438-1533) | ||||
Јазици | кечуански јазик (официјален), ајмарски јазик, пукина јазик и останати јазици. | ||||
Вероисповед | Инка религија | ||||
Уредување | монархија | ||||
Сапа Инка | |||||
- | 1438-1471 | Пачакути | |||
- | 1471-1493 | Тупак Инка Јупанки | |||
- | 1493-1525 | Хуајна Капак | |||
- | 1525-1532 | Хуаскар | |||
- | 1532-1533 | Атахуалпа | |||
Историски период | пред-колумбиска | ||||
- | Пачакути го создал Тавантинсују | 1438 | |||
- | Граѓанската војна помеѓу Хуаскар и Атахуалпа | 1529-1532 | |||
- | Шпанска колонијзација предводена од Франсиско Писаро | 1533 | |||
Површина | |||||
- | 1438[1] | 800.000 км² | |||
- | 1527 | 2.000.000 км² | |||
Население | |||||
- | 1438[2] | 12.000.000 | |||
Густина | 0 жит/км² | ||||
- | 1527 | 20.000.000 | |||
Густина | 10 жит/км² | ||||
Службен јазик во Тавантинсују бил кечуанскиот јазик, иако стотина локални јазици и кечуански дијалекти се зборувале исто така. Кечуанското име на државата е Тавантинсују или Tawantinsuyu што во превод значи „четирите региони“ или „четирите ибединети покраини“. Пред реформите на правописот на кечуанскиот и ајмарскиот јазик често државата се пишувало како Тахуантинсујо. Името е составено од: tawan - „четири“, -ntin што означува „група“ или „унија“ и suyu што значи „регион“ или „покраина“. Така, царството било поделено на четири покраини и секоја покраина се спојувала со главниот град Куско.
Во царството се чествувале и славеле голем број на свети предмети или хуака, но раководството на Инките го охрабрувало населението да го слави Инти - богот на сонцето, но и останатите богови на Инките.[4] Често Инките својот крал, Сапа Инка, го нарекувале „дете на сонцето“.