Теквондо
боречка вештина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Теквондо (корејски: 태권도/跆拳道) — корејска боречка вештина и национален спорт во Јужна Кореја.[1][2] На корејски те значи удар или блокада со ногa, квон е удар или блокада со рака и до е пат, начин или метод, значи теквондо во груб превод значи патот на раката и ногата. Името теквондо може да се најде во најразлични варијанти како на пр. теквон-до, те-квон-до или те квон до, поради историската, филозофска или политичка основа и различноста на организациите. Тоа е комбинација од борбена техника, самоодбрана, спорт, вежба а во некои случаи и медитација и филозофија. Во 1989 година теквондотот стана една од најпопуларните боречки вештини по бројот на луѓе кои го практикуваат. Gyeorugi е вид на спаринг кој е дел од Олимписките игри уште од 2000 година.[3]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Постојат две гранки на вештината теквондо коишто не се целосно меѓусебно поврзани:
- Традиционално теквондо се однесува на неговото поставување во 50-тите и 60-тите години во јужнокорејската армија како и во различни организации вклучувајќу ги училиштата и универзитетите. Името и симболизмот на традиционалниот модел се однесува на елементи од корејската историја, култура и религиозна филозофија. Денеска Кукивон или исто така познат како Светскиот теквондо штаб е традиционалниот центар на тљеквондото во Кореја.
- Теквондо како спорт е развиено во 50-тите години со сосема различна цел од традиционалното каде е нагласена брзината и компетитивноста. Тоа се дели на два стила: првиот произлегува од Кукивон каде се почетоците на спарингот наречен sihap gyeorugi кој како настан е дел и од Летните олимписки игри и предводен од Светската теквондо федерација, другиот стил припаѓа на Интернационалната теквондо федерација.
Постојат повеќе научни разлики и разлики во техниката помеѓу двата стила и помеѓу двете организации но воглавно оваа вештина става акцент на ударите со нозе изведени од мобилен став користејќи го нивниот дофат и сила. Тренинзите вклучуваат цел систем на блокади, кикови, удари со отворена шака но и фрлања, соборувања и залажувања со замав. Некои од теквондо инструкторите го вклучуваат и користењето на потисни точки познато како jiapsul како и техники за самоодбрана позајмени од други вештини како хапкидо и џудо.