Туризам во Босна и Херцеговина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Туризмот во Босна и Херцеговина — брзорастечки сектор што претставува важен дел во економијата на земјата. Туристичкото деловно опкружување постојано се развива со сè поактивен систем на промоција на туризмот.
Туризам во Босна и Херцеговина | |
---|---|
Водопадите во Кравица | |
Час. појас | Средно европско време (UTC+1) |
Повик. бр. | +387 |
Мреж. место | Официјална туристичка страна |
Туристичките посети пораснале во просек за 24% на годишно ниво од 1995 до 2000 година. Солидниот раст на посети од европскиот регион во 2007 година во значителен дел се должи на силните перформанси на Јужна и Средоземна Европа (+ 7%). Особено, Босна и Херцеговина била меѓу посилните играчи со раст од 20%[1]. Во 2013 година, Светскиот економски форум во својот Извештај за конкурентност за патувања и туризам објавил дека Босна и Херцеговина е осмата пријателска нација во светот кон туристите[2].
Во 2015 година, Босна и Херцеговина надмина 1 милион посети и го продолжил растот во 2016 година регистрирајќи 1.148.530 посети (+ 11,6%) во комбинација со 2.376.743 ноќевања (+ 10,9%). 67,6% од туристичките посети и 69% од ноќевањата дошле од странски држави[3]. Според проценката на Светската организација за туризам, Босна и Херцеговина ќе ја има третата највисока стапка на раст на туризмот во светот помеѓу 1995 и 2020 година. Најголемите земји чии граѓани ја посетиле земјата во 2016 година биле Хрватска (11% посети, 11,9% ноќевања), Србија (8,9% посети, 8,4% ноќевања), Турција (10,7% посети, 8,0% ноќевања), Словенија (6,5% посети, 6,0% ноќевања) и Италија (5,4 % посети, 6,5% ноќевања). Покрај тоа, се проценува дека над 1 милион луѓе ја посетуваат Меѓугорје секоја година, но огромното мнозинство од посетителите не се регистритраат од страна на давателите на сместувачки услуги.
Серијата на патнички водичи, Лонли планет, го прогласил Сараево за 43-ти најдобар град во светот[4], и во декември 2009 година го навел Сараево како еден од првите десет градови што треба да се посетат во 2010 година[5]. Со своето 43 место Сараево се нашло пред Дубровник, # 59, Љубљана # 84, Блед на # 90, Загреб на # 125 и Белград на # 143, со што Сараево е најдобриот рангиран град на Балканскиот Полуостров зад Атина, Грција.
Туризмот во Сараево главно е насочен кон историски, религиозни и културни аспекти. Во последниве години, инвестициите го направиле и трговски град, со респектабилна понуда во малопродажба. Градот бил домаќин на Зимските олимписки игри во 1984 година, кои во тоа време биле најголемите Зимски игри во однос на спортистите и медиумите.
Земјата ја обновува својата репутација како одлична ски-одредиште со своите олимписки планински ски-центри како што се Бјелашница, Игман и Јахорина.
Во 2017 година, 1.307.319 туристи ја посетиле Босна и Херцеговина, што претставува зголемување од 13,7% и имало 2.677.155 ноќевања, што претставува зголемување од 12,3% во однос на претходната година. Исто така, 71,5% од туристите потекнувале од странски земји[6].
Во 2018 година, 1.609.310 туристи ја посетиле Босна и Херцеговина, што претставува зголемување од 23,1% и имало 3.343.584 ноќевања, што претставува зголемување од 24,8% во однос на претходната година. Исто така, 71,2% од туристите потекнувале од странски земји.[7]
Во 2019 година 1.990.451 туристи ја посетиле Босна и Херцеговина, што претставува зголемување од 23,6% и има 4,100.401 ноќевања, што претставува зголемување за 22,6% во однос на претходната година. Исто така, 74,4% од туристите потекнувале од странски земји.