Тур де Свис 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Свис 2012 било 76. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Започнала на 9 јуни со поединечен хронометар во Лугано и завршила на 17 јуни, во Серенберг по девет етапи.[2] Таа била 17. трка од овогодинешната сезона на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 17 од 28 | |||
Рута на Тур де Свис 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 9–17 јуни | ||
Етапи | 9[1] | ||
Растојание | 1.398,6 км | ||
Време | 35ч 54' 49" (24.196 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Руј Кошта (Португалија) | (Мовистар Тим) | |
Втор | Френк Шлек (Луксембург) | (РадиоШек-Нисан) | |
Трет | Леви Лајпхајмер (САД) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Бодовен | Петер Саган (Словачка) | (Ликвигас-Канондејл) | |
Планински | Матео Монтагути (Италија) | (Аг2р-Ла Мондијал) | |
Екипен | Астана | ||
← 2011 2013 → |
Трката била освоена од возачот на Мовистар Тим Руј Кошта,[3] кој ја носел водечката жолта маичка по победата на втората етапа и го одржал водството на трката до нејзиниот крај, чувајќи се од нападите на неговите соперници во текот на последните две етапи. Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Френк Шлек од РадиоШек-Нисан – победникот од 2010 – била четиринаесет секунди,[4] а возачот на Омега Парма-Квик Степ Леви Лајпхајмер, бранителот на титулата, го комплетирал подиумот, седум секунди зад Шлек и дваесет и една зад Кошта.[5]
На другите пласмани на трката, возачот на Аг2р-Ла Мондијал Матео Монтагути го освоил планинскиот пласман,[6] Возачот на Ликвигас-Канондејл Петер Саган неоптоварено ја освоил белата маичка за бодовниот пласман,[7] победувајќи на четири етапи во текот на трката, вклучувајќи ја воведната хронометарска етапа. Астана завршил на чело на екипниот пласман, победувајќи на две од последните три етапи преку победата на хронометарот на седмата етапа на Фредрик Кесијакоф[8] и победата на последната етапа на Танел Кангерт.[9]