Уфа (река)
река во Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Уфа (руски: Уфа, башкирски: Ҡариҙел, Каридел, букв. „Црн Идел“) е река во Русија, притока на Белаја. Тече низ Урал, Чељабинската област, Сведловската област и Башкортостан. Долга е 918 км, со сливно подрачје од 53.100 км2. Замрзнува во крајот на октомври или почетокот на декември и мразот трае до април-мај.
Кратки факти Уфа, Местоположба ...
Затвори
Реката има стопанско значење — искористена е во хидроенергетиката (Павловска ХЕЦ) и водоснабдувањето. Главни пристанишни места се Красноуфимск и Уфа (кај вливот).