ФК Кидерминстер Хериерс
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Кидерминстер Хеиерс е англиски фудбалски клуб од Кидерминстер, Вустершир. Моментално се натпреварува во Националната лига север, шесттото ниво на англиската лигашка пирамида.
Кидерминстер Хериерс | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски Клуб Кидерминстер Хериерс | ||
Држава | Англија | ||
Прекар | Хериерс, Црвените | ||
Основан | 1886; пред 136 години (1886)[1] | ||
Локација | Кидерминстер, Англија | ||
Стадион | Агборо | ||
Капацитет | 6,444[2] | ||
Претседател | Ричард Лејн | ||
Менаџер | Расел Пен | ||
Лига | Национална лига север | ||
2020–21 | Национална лига север, ? | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Клубот е основан 1886 година. Меѓу најголемите успеси им е освојувањето на Трофејот на фудбалската лига во 1987 година, а во сезоната 1993-1994 ја освоиле титулата во Конференција лигата, но на клубот тогаш воден од Греам Алнер не му било дозволено да се натпреварува во Фудбалската лига на Англија поради состојбата на нивниот стадион Агборо. Сепак, клубот го поправил стадионот и во сезоната 1999-2000 под водството на Јан Мелби ја освоил титулата во Конференција уште еднаш и изборил промоција во Фудбалската лига, која се смета за професионално фудбалско ниво. Сепак, после пет сезони поминати таму, клубот одново испаднал во аматерските фудбалски лиги на Англија.
Својте домашни натпревари, во текот на целата своја историја Кидерминстер ги игра на стадионот Агборо. Најчесто играат во опрема која се состои од дресови и шорцеви во црвена боја.