Првенство во фудбал на Англија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Англиското првенство во фудбал претставува серија на меѓусебно поврзани фудбалски лиги во кои учествуваат клубови од Англија, Велс (6 клуба) и Гернзиa (1 клуб). Системот е поставен во хиерархиски формат со промоција и испаѓање на клубовите. Според тоа е оставена хипотетичка можност за искачување од самото дно на лигашкиот систем до врвот и за најмалиот клуб. Постојат повеќе од 140 поединечни лиги, кој содржат повеќе од 480 дивизии.[1] Точниот број на клубови варира од сезона во сезона. Според проценките постојат 7.000 клубови.