Финале на Светското првенство во фудбал 2018
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финалето на Светското првенство во фудбал 2018 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство во фудбал 2018 година. Ова ќе биде 21-во финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кој се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на Лужники во Москва на 15 јули 2018 година.[3]
Финале на СП 2018 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Стадионот Лужники во Москва бил домаќин на финалето | |||||||
Првенство | Светско првенство 2018 | ||||||
| |||||||
Датум | 15 јули 2018 (2018-07-15) | ||||||
Стадион | Стадион Лужники, Москва | ||||||
Играч на натпреварот | Антоан Гризман (Франција) | ||||||
Судија | Нестор Питана | ||||||
Гледачи | 78,011[1] | ||||||
Временски прилики | Умерено облачно 27 °C (81 °F) 51% влажност[2] | ||||||
← 2014 2022 → |
Во финалето играле Франција и Хрватска.
Франција победила во финалето со 4–2, откако воделе со 2–1 на полувремето со автогол и гол од пенал кој бил досуден со помош на video assistant referee системот којшто за првпат бил во употреба за време на едно финале на Светско првенство. Исто така тоа било првпат некој да постигне автогол за време на финале на некое Светско првенство. Франција исто така станала втората репрезентација после Бразил во 2002 која ги добила сите свој натпревари во нокаут-фазата без продолженија или пенали. Како светски шампион, Франција стекнала право да игра на ФИФА Купот на конфедерации во 2021 година.