Лужники (стадион)
стадион во Москва / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стадионот „Лужники“ (руски: стадион «Лужники») — национален стадион на Русија, кој се наоѓа во главниот град Москва. Неговата вкупна сместивост за седење од 81.000 го прави најголемиот фудбалски стадион во Русија и еден од најголемите стадиони во Европа. Стадионот е дел од Олимпискиот комплекс Лужники и се наоѓа во округот Хамовники во Централниот административен округ во Москва. Името „Лужники“ произлегува од поплавните ливади во свиокот на реката Москва каде е изграден стадионот.
Стадион „Лужники“ | |
---|---|
Место | Хамовники, Москва, Русија |
Координати | 55°42′57.56″N 37°33′13.53″E |
Започнат | 1955 |
Отворен | 31 јули 1956 |
Реновиран | 1996–1997, 2001–2004, 2013–2017 |
Сопственик | Влада на Русија |
Оператор | Олимписки комплекс „Лужники“ |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | €350 милиони (2013–2017)[1] |
Архитект | PA Arena, Gmp Architekten и Mosproject-4 |
Игра | Русија |
Гледачи | 81,000 |
Лужники бил главен стадион на Олимписките игри во 1980 година, каде што биле организирани церемонии за отворање и затворање на игрите, како и некои од натпреварите, вклучувајќи го и финалето на фудбалскиот турнир. Стадионот според критериумите на УЕФА спаѓа во категоријата 4. Стадионот бил домаќин на финалето на Купот на УЕФА во 1999 година и финалето на Лигата на шампионите во 2008 година. Стадионот исто така бил домаќин на настани како Летната Универзијада 1973 година и Светското првенство во атлетика во 2013 година. Стадионот е именуван како главен за Светското првенство во фудбал во 2018 година и ќе биде домаќин на 7 натпревари од турнирот, вклучувајќи го и финалето.
Во минатото, стадионот бил користен за фудбалски натпревари на ЦСКА Москва, Спартак Москва и Торпедо Москва, меѓутоа, во моментов не постојат клубови чии домаќински натпревари ги играт на стадионот. Денес, стадионот главно се користи како еден од домашните терени на Руската фудбалска репрезентација. Стадионот се користи од време на време за разни други спортски настани и за концерти. Исто така, стадионот е домаќин на финалето на домашниот Куп во Русија.
Стадионот е еден од ретките големи европски фудбалски стадиони кои користат вештачки терен (FieldTurf), одобрен од ФИФА во 2002 година. Сепак, финалната природна трева била ставена за финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2008 година.