Франција
држава во Западна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Франција (француски: France) официјално Француската Република (француски: République française) — држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (матичен дел) со 64.897.954 жители (1 јануари 2020). Во нејзиниот состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население 67.063.703 жители (1 јануари 2020).
Француската Република République française (француски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло:
|
||||||
Химна: La Marseillaise (француски) Марсејеза |
||||||
Местоположбата на Франција (зелено) – на Европскиот континент (светлозелено и сиво) |
||||||
Главен град (и најголем) | Париз 48°52′N 2°19,59′E | |||||
Службен јазик | француски | |||||
Демоним | Французи
(Француз(ин)/Французинка) |
|||||
Уредување | Унитарна држава Полупретседателски систем | |||||
• | Претседател | Емануел Макрон | ||||
• | Премиер | Габриел Атал | ||||
Законодавство | Француски парламент | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Национално собрание | ||||
Формирање | ||||||
• | Крштевање на Хлодовик I | 25 декември 496 | ||||
• | Верденски договор | август 843 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 640,679 км2 (40-та) | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | ▲ 68,042,591 (20-та) | ||||
• | Густина | 105 жит/км2 (106-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $3.868 Трилиони (10-та) | ||||
• | По жител | ▲ $58,765 (27-ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $3.049 Трилиони (7-ма) | ||||
• | По жител | ▲ $46,315 (23-та) | ||||
Џиниев коеф. (2022) | 29.8 низок |
|||||
ИЧР (2023) | ▲ 0.917 многу висок · 24-та |
|||||
Валута | Евро (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .fr | |||||
Повик. бр. | +33 |
Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку Евротунелот, кој минува под големиот проток Ламанш.Франција е Република, организирана како унитарна Полупретседателска Република. Таа е развиена држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009).
Главен, а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз. Службен јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители, по Демократска Република Конго со околу 67 милиони. Главна религија во Франција е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани.
Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.Таа припаѓа на Еврозоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE).Како воена сила, Франција ја поседува главната војска во Европската Унија при што таа е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.Шеф на државата е Претседателот а кабинетот го возглавува премиерот.