Фузобактерии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фузобактериите (Fusobacteria) се облигатни анаеробни Грам-негативни бацили кои не формираат ендоспори. Поради нивната асахаролитична природа, и недостатокот на позитивни резултати во рутинските биохемиски тестови, лабораториската идентификација била тешка. Сепак, со примената на новите молекуларно-биолошки техники во таксономијата откриени се бројни нови видови, и воспоставени се нови методи за идентификација. Фузобактериите се причина за бројни хумани инфекции: ткивна некроза, септикемија, во поново време се обвинуваат и за интраамниотски инфекции, предвремено породување и појава на тропски чири.
Фузобактерии | |
---|---|
Fusobacterium novum во течна култура | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Fusobacteria Garrity & Holt 2012 |
Класа: | Fusobacteria Staley & Whitman, 2012 |
Ред: | Fusobacteriales Staley & Whitman, 2012 |
Фамилии/Родови | |
|
Меѓу ново опишаните видови се Fusobacterium ulcerans причинител на тропски чири, и неколку видови од усната празнина. Субспецијацијата на важните видови F. necrophorum и F. nucleatum исто така е можна. Затоа веројатно е дека таксономијата на фузобактериите може да се развива понатаму во иднината.[1]