Ibanez
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ibanez или Ибањес (јапонски: アイバニーズcode: ja is deprecated , Aibanīzu) — корпорација започната од јапонскиот стопанственик Хошино Гаки,[1] кој го започнал својот бизнис продавајќи шпански гитари наречени Ibanez, а подоцна го купил името и започнал да продава гитари под тоа име во САД. Така денес Ибањес е производител на електрични и акустични гитари како и на акустични и електрични бас гитари со повеќе фабрики низ светот како низ Јапонија, Кина, САД. Одпрва гитарите на Ibanez биле копии на модели на Фендер и Гибсон и тие копии се денес ценети од колекционари и се наречуваат „lawsuit modelѕ“. Првите познати корисници на Ибањес во 70-тите години биле Стив Милер, Боб Вир (Grateful Dead) и Фил Линот (Thin Lizzy). Во текот на 80-тите години, и со стекнатиот реноме на копирање на ЕЅ-175 џез гитарата на Гибсон, Ibanez постанува омилен инструмент на познатите џез гитаристи Џон Скофилд, Џорџ Бенсон и Пет Метини. Денес, Ibanez е потписник на договори со многу познати имиња од музичката индустрија како: Хед, Манки и Филди од KoЯn, Декстер Холанд, Нудлс и Грег К. од The Offspring, Дарон Малакиан од System of a Down, Бред Делсон од Linkin Park, и најзвучните имиња: Стинг, Стив Ваи и Џо Сатриани.
- Оваа статија се однесува на производителот на гитари Ibanez. За список на луѓе со името Ибањес, видете Ибањес.
| |||
Слоган | Сè, освен традиционални. | ||
Тип | Приватна | ||
Основана | Нагоја, Јапонија (1981) | ||
Главен штаб | Бенсалем Пенсилванија, САД | ||
Клучни луѓе | Хошино Гаки (основач) | ||
Индустрија | Музички инструменти | ||
Произведува | Гитари, басови, засилувачи итн. | ||
Мрежно место | www.ibanez.com | ||