Lynyrd Skynyrd
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Lynyrd Skynyrd ― американска рок група основана во Џексонвил, Флорида. Групата била основана во 1964 година под името My Backyard и по неколку промени на имињата во 1969 година членовите на групата се одлучиле за името „Lynyrd Skynyrd“. Во 1973 година, групата го издала нивниот прв албум под наслов Pronounced 'Lĕh-'nérd 'Skin-'nérd. При врвот на славата во 1970-тите, со песните „Sweet Home Alabama“ и „Free Bird“ групата го популаризирала жанрот јужњачки рок. Работата на групата нагло била прекината на 20 октомври 1977 година, откако се урнал авионот што го изнајмиле, при што загинале Ван Зант, Стив Гејнс и резервната пејачка Кеси Гејнс, а другите членови од групата се здобиле со тешки телесни повреди.
Lynyrd Skynyrd | |
---|---|
Lynyrd Skynyrd на настап во 2019 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Џексонвил, Флорида, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | lynyrdskynyrd.com |
Lynyrd Skynyrd повторно била основана во 1987 година за турнеја со братот на Рони, Џони Ван Зант, како главен вокал. Во јануари 2018 година, Lynyrd Skynyrd ја објавиле нивната проштална турнеја,[2] а продолжиле со неа до 2022 година. Во 2023 година, членовите на групата работеле на петнаесеттиот албум но Росингтон починал и во групата нема ниту еден оригинален член.[3]
Во 2004 година, списанието Rolling Stone ги рангирал Lynyrd Skynyrd на 95-то место на неговата листа од „100 најдобри изведувачи на сите времиња“.[4] [5] Lynyrd Skynyrd биле примени во Куќата на славните на рокенролот на 13 март 2006 година.[6] До 2023 година, групата продала преку 28 милиони плочи во САД.