Јапонски јазик
јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонскиот (изворно: 日本語, Nihongoⓘ) е изолиран јазик и припаѓа на групата јапонски јазици. Јазикот го зборуваат повеќе од 130 милиони луѓе[2] во Јапонија и во јапонските миграциски заедници. Јазикот е близок со рјукјуанските јазици. До денес, класификацијата на јапонскиот јазик не е докрај разјаснета. Јапонскиот јазик е аглутинативен јазик и се разликува по комплексниот систем на хоноративен или почитувачки говор што е директно произлезено од хеирархијата на јапонското општество, со користење на посебни глаголи и прилози со кои се означува положбата на говорителот, слушателот или кој и да било. Тој е карактеристичен и по својот акцент и е мораски јазик.
Јапонски | |
---|---|
日本語 | |
Изговор | [ɲihoŋɡo] |
Застапен во | Јапонија |
Подрачје | Источна Азија |
Говорници | 130 милиони[1] |
Јазично семејство | |
Стандардни облици | Јапонско логографско и слоговно писмо, романџи, сидамско писмо (почесто во будистички манастири.) |
Статус | |
Службен во | Јапонија |
Признаен како малцински во | САД |
Регулативен орган | нема. Јапонската влада има големо влијание врз јазикот |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ja |
ISO 639-2 | jpn |
ISO 639-3 | jpn |
Јапонскиот јазик се пишува со три различни писма: изменети кинески знаци наречени канџи (漢字), и две слоговни писма хирагана (平仮名) и катакана (片仮名). Покрај овие три стандардни писма, јапонскиот јазик користи и изменета латинска азбука наречена рома-џи (буквално: римски букви) која се користи за полесно претставување и читање на јапонски имиња и компании, но исто така се користи за компјутери. Денес, најчесто се користат основните арапски броеви, но се користат и традиционалните сино-јапонски броеви.
Јапонскиот фонд на зборови бил под големо влијание на странски зборови од различни јазици. Голем број на зборови биле преземени од кинески јазик или пак биле модофицирани од кинески зборови. Од 19 век, јапонскиот јазик има позајмено зборови од индоевропските јазици, особено од англиски јазик. Покрај овие, доста често се користат и португалски и холандски зборови поради трговската соработка на Јапонија со Холандија и Португалија.