Џон Денвер
американски музичар (1943-1997) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Џон Дојчендорф Помладиот (англ. Henry John Deutschendorf Jr.; 31 декември 1943 – 12 октомври 1997)[1] естрадно познат како Џон Денвер ― американски пејач и текстописец. Тој бил еден од најпопуларните акустични музичари во 1970-тите и еден од музичарите со најголема продажба за таа деценија.[2] Според AllMusic, Денвер бил „меѓу најомилените забавувачи од неговото доба“.[3]
Џон Денвер | |
---|---|
Џон Денвер во 1974 | |
Роден(а) | Хенри Џон Дојчендорф Помладиот 31 декември 1943(1943-12-31) Розвел (Ново Мексико), САД |
Починал(а) | 12 октомври 1997(1997-10-12) (возр. 53) Монтереј Беј Калифорнија, САД |
Причина за смрт | Авионска несреќа |
Почивалиште | Пепелта била расфрлана на Карпести Планини во Колорадо |
Образование | Тексашки технички универзитет (не дипломирал) |
Занимање |
|
Активен период | 1962–1997 |
Сопружник |
|
Деца | 3 (едно свое и 2 посвоени) |
Денвер снимил и објавил околу 300 песни, а околу 200 од нив ги напишал самиот. Имал 33 албуми и синглови сертифицирани од RIAA со златен или платинест тираж во САД,[4] а се проценува дека продал преку 33 милиони единици.[5] Тој снимал и настапувал првенствено со акустична гитара, а стиховите од неговите песни се однесувале на: неговата радост во природата, презирот кон градскиот живот, ентузијазмот за музика и љубовни врски. Песните од Денвер се пласирале на различни топ-листи, како топ-листите: за кантри-музика, Billboard Hot 100 и радиски хитови, а негови најпрепознатливи песни биле: „Take Me Home, Country Roads“, „Poems, Prayers & Promises“, „Annie's Song", „Rocky Mountain High", „Calypso", „Thank God I'm a Country Boy" и „Sunshine on My Shoulders".
Денвер глумел во неколку филмови и телевизиски специјали во текот на 1970-тите и 1980-тите, меѓу кои и во хитот од 1977 година , О, Боже! (Oh, God!), каде глумел заедно со Џорџ Барнс. Тој продолжил да снима музика во 1990-тите, а исто така се насочил на проблемите за заштитата на животната средина, дал силна поддршка за истражување на вселената и сведочел пред Конгресот во знак на протест против цензурата во музиката.[6] Џон Денвер поголемиот дел од неговиот живот го поминал во Аспен и бил познат по неговата љубов кон Колорадо. Во 1974 година, Денвер бил прогласен за поет-лауреат на таа сојузна држава. Во 2007 година, Законодавниот дом на државата Колорадо ја усвоил неговата песна „Rocky Mountain High“ за една двете химни на државата, а Западна Вирџинија го сторила истото со песната „Take Me Home, Country Roads“ во 2014 година.
Џон Денвер бил страствен пилот и загинал во несреќа во 1997 година додека управувал со неговиот новонабавен лесен авион, на 53-годишна возраст.