Џорџо Кјелини
италијански фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џорџо Кјелини (итал. Giorgio Chiellini, р. 14 август 1984 во Пиза) — италијански фудбалер, играч од одбраната на ФК Лос Анџелес и поранешен член на италијанската репрезентација. Кjелини се смета за еден од најдобрите одбранбени играчи на својата генерација.[2] Тој е физички силен, агресивен и разноврсен дефанзивец, кој најчесто игра на позицијата централен одбранбен играч, иако исто така е способен да игра и како лев бек, во одбрана со три или четири играчи.
Џорџо Кјелини | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Џорџо Кјелини[1] | ||
Роден на | 14 август 1984(1984-08-14) (39 г.) | ||
Роден во | Пиза, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | &100000000000001860000001,86 м | ||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | ФК Лос Анџелес | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
Ливорно | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000–2004 | Ливорно | 55 | (4) |
2004–2022 | Јувентус | 561 | (36) |
2004–2005 | → Фјорентина | 37 | (3) |
2022– | ФК Лос Анџелес | 42 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2000 | Италија 15 | 8 | (0) |
2000-2001 | Италија 16 | 12 | (2) |
2001 | Италија 17 | 1 | (0) |
2002 | Италија 18 | 6 | (1) |
2001-2003 | Италија 19 | 18 | (1) |
2003-2007 | Италија 21 | 26 | (6) |
2004-2022 | Италија | 117 | (8) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011 |
На клупско ниво, Кјелини ја започнал својата кариера во Ливорно во 2000 година, а подоцна играл една сезона за Фјорентина, пред да се пресели во Јувентус во 2005 година. Со Јувентус, тој освоил осум последователни титули од Серија А од 2012 до 2019 година, како и четири последователни титули во Купот на Италија и четири титули во Суперкупот на Италија. Кјелини бил избран во Серија А Тимот на годината четири пати: во 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016 и 2017-18 и исто така му била доделена наградата за Серија А Одбранбен играч на годината, трипати: во 2008, 2009 и 2010 година.[3][4][5]
Своето репрезентативно деби за сениорската репрезентација на Италија го направил во 2004 година, а во моментов има вкупно 103 настапи што го прави седми играч по бројот на настапи во историјата. Тој настапил на Летните олимписки игри 2004, освојувајќи бронзен медал, како и на три Европски првенства, две Светски првенства и два Купа на конфедерации, помагајќи им на аѕурите да стигнат до финалето на Европското првенство 2012 и да го освојат третото место на Купот на конфедерации 2013.