Абелова награда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Абелова награда — меѓународна награда која секоја година ја доделува кралот на Норвешка на еден или повеќе истакнати математичари. Го носи името на норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел (1802–1829). Оваа награда се смета за „Нобелова награда за математика“[1][2][3][4][5][6] и се вбројува меѓу најпрестижните математички награди. Наградата е и парична, со износ од 684.000 евра (2009 г.).[7]
Абелова награда | |
---|---|
Опис | извонредна научна работа на полето на математиката |
Доделува | Норвешка академија на науките |
Прво доделување | 2003 |
Мрежно место | abelprize.no |
Добитниците секоја година ги прогласува Норвешката академија на науките откако изборот ќе го направи одбор од пет меѓународни математичари. На чело на одборот стои математичарот Кристијан Сејп. Паричниот износ на наградата е сличен на оној на Нобеловата награда. Наградата е воспоставена во 2001 година со почетен фонд од 200.000.000 круни (околу $24.000.000 долари) во 2001 г. Наградата се доделува во обид да се создаде публицитет и јавна свест за математиката, и со цел да се подигне угледот на математиката, особено кај младите.
Наградниот одбор го има основано и Абеловиот симпозиум, со кој раководи Норвешкото математичко друштво.