Агруми
From Wikipedia, the free encyclopedia
Агруми — општ назив за јужното овошје со киселкав вкус и својствен мирис, како што се лимонот, грејпфрутот и сл.[1] Агрумите се овошје и растенија од родот цитруси (вклучително Eremocitrus и Microcitrus). Зборот агруми кој се однесува на повеќе видови цитрусни растенија не е термин во таксономијата на култивирани растенија, туку е изведен збор кој е релативно нов во јазикот.
Агруми | |
---|---|
Разни видови агруми од регионот на Корзика | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Sapindales |
Семејство: | Rutaceae |
Потсемејство: | Aurantioideae |
Род: | Цитрус |
Вид: | Цитрус |
Видови и хибриди | |
Important species: Important hybrids: | |
Синоними | |
Eremocitrus |
Најновото истражување покажува дека агрумите водат потекло од Австралија, Нова Каледонија и Нова Гвинеја.[2] Некои истражувачи веруваат дека потеклото им е во Југоисточна Азија, на границата со Североисточна Индија, Бурма (Мјанмар) и провинцијата Јунан во Кина,[3][4][5] и дека во овој регион се појавиле некои комерцијални видови како портокали, мандарини и лимони. Цитрусите денес се одгледуваат на се' поголема површина низ светот уште од античко време.
Со терминот агруми се опишува овошјето и овошките кои денес се одгледуваат најмногу во светот[6] и чија особеност е силната разновидност и хибридност. Некои од видовите се: бергамот, цедрат, лимон, комбава и австралиски лимон, кумкат, лимета, сладок лимон, мандарина и хибриди (клементина, танжерина, танжело, тангор...), сладок портокал и горчлив портокал, грејпфрут, помело, папеда (јузу, кабозу, судачи).