Административна поделба на Латвија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Денешната административна поделба на Латвија стапила на сила на 1 јули 2021 г.
Земјата има 43 единици на локална самоуправа, од кои 36 општини (novadi) и 7 државни градови (valstspilsētas). Сè до административната реформа изгласана на 10 јуни 2020 г. Латвија имала 110 општини и 9 државни градови (дотогаш нарекувани „републички“)[1][2] Општините понатаму се делат на жупи, градови и паланки.
По осамостојувањето на Латвија имало две претходни реформи. Едната во 2009, а другата во 1990 г. (кога биле вратени жупите).