Аеродром Франкфурт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Франкфурт на Мајна (IATA: FRA, ICAO: EDDF), обично познат како Аеродром Франкфурт и познат на германски како Flughafen Frankfurt am Main или Rhein-Main-Flughafen, е голем меѓународен аеродром во близина на Франкфурт, Германија.
Аеродром Франкфурт Flughafen Frankfurt am Main | |||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аеродромот Франкфурт од воздух (2010) | |||||||||||||||||||||||
Општо | |||||||||||||||||||||||
Аеродромски вид | Јавен | ||||||||||||||||||||||
Сопственик/Оператор | Fraport | ||||||||||||||||||||||
Местоположба | Франкфурт, Хесен, Германија | ||||||||||||||||||||||
Јазол за |
| ||||||||||||||||||||||
Надм. височина | 364 ст / 111 м | ||||||||||||||||||||||
Мрежно место | www.frankfurt-airport.com | ||||||||||||||||||||||
Писта | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
Статистика (2011) | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
Раководен од сообраќајната компанија Fraport, аеродромот Франкфурт е далеку најпрометниот аеродром по патнички сообраќај во Германија, трет најпрометен во Европа (зад Хитроу и Шарл де Гол) и деветти најпрометен во светот во 2011. Патничкиот сообраќај на аеродромот Франкфурт во 2011 бил 56,4 милиони. До зимата 2011/12, аеродромот Франкфурт опслужуваше најмногу меѓународни одредишта во светот, дури 275 одредишта во 111 земји.[3] Со товар од 2,17 милиони тони во 2011[1], тој е најпрометен аеродром во Европа во поглед на товарниот сообраќај. Јужниот дел на аеродромот бил дом на воената база Рајна-Мајна, која била главна воена основа за САД од 1947 до 2005, кога воената база била затворена и имотот откупен од Fraport.
Аеродромот Франкфурт е главниот јазол на Lufthansa, германскиот национален авиопревозник и Condor Flugdienst. Поради ограничувањата на капацитетот во Франкфурт, Lufthansa основала втор јазол на аеродромот во Минхен, каде се присутни многу клучни летови на средни и долги релации.
Аеродромот бил прошируван повеќепати од неговото отворање во 1936 и денес има два големи терминала (Терминал 1 и Терминал 2), со капацитет од околу 65 милиони патници годишно и четири писти. Во изминативе години биле преземени големи градежни зафати со цел аеродромот да биде во можност да го прифати авионот Ербас А380, вклучувајќи голем објект за одржување на авионот, бидејќи флотата на авиони од овој тип на Lufthansa е сместена на аеродромот во Франкфурт. На 20 октомври 2011 била пуштена во употреба четвртата писта, која ќе му овозможи на аеродромот да ја задоволи очекувана побарувачка на околу 700.000 движење на воздухоплови во 2020. За справување со очекуваниот број на патници од околу 90 милиони во 2020, на 10 октомври 2012 во близина на терминалот 1 бил отворен нов негов дел за дополнителни шест милиони патници, додека големиот трет терминал за 25 милиони патници се очекува да биде отворен во 2013.