Александар I Батенберг
бугарски владетел / From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар I Батенберг (бугарски: Александър Йозеф Батенберг (5 април 1857 - 23 октомври 1893) — прв нововековен кнез на Бугарија. Во 1879 година во Трново бил донесен устав и било одлучено да се забрза изборот за суверен кнез. Имало повеќе кандидати, а меѓу нив бил и принцот Валдемар, син на данскиот крал Кристијан IX и брат на грчкиот крал Георги I. Меѓутоа, претставниците на Руското царство влијалеле врз Бугарите да ја прифатат кандидатурата на германскиот офицер, принцот Александар од Батенберг, кој бил роднина на руската царица Марија, жена на Александар II [1].
Александар I Батенберг | |||||
---|---|---|---|---|---|
кнез на Бугарија | |||||
На престол | 26 јуни 1879 - 7 септември 1886 | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Почивалиште | Мавзолејот на Батенгерг, Софија | ||||
Придружник | Јохана Лојзингер | ||||
| |||||
Династија | Батенберг | ||||
Династија | Батенберг | ||||
Татко | Александар фон Хесен-Дармщат | ||||
Мајка | Јулија фон Хауке |
Александар I немал политичко образование и имал антилиберални погледи. Имајќи ја подржката на руските војници и службеници кој биле во служба на Бугарија, се судрил со Народното собрание. Кон крајот на 1879 година, Бугарското собрание било распуштено, меѓутоа во 1880 година повторно либералите имале мнозинство во собранието. Во 1881 година, Александар I организирал државен удар и формирал конзервативна влада на чело со двајца руски генерали: Собољев и Каулбарас. Во собранието сите претставници се обединиле против владата и во септември 1883 година руските генерали поднеле оставка.
За да ја сочува својата круна, Александар I дозволил да се формира една либерално-конезравтивна влада, а за да се опрвада пред бугарската јавност истакнал дека тој не е виноврн за државниот удар од 1881 година, туку дека тој бил кренат по барање на рускиот цар Александар III. Бугарскиот кнез не се мешал во работата на владата, а на бугарското собрание му дозволил само да ги донесува законите.
Во 1885 година, било објавено обединувањето на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија, меѓутоа големите сили и Руското царство се спротивставиле на обединувањето на бугарските земји, бидејќи тоа претставувало кршење на одлуките од Берлинскиот конгрес. Европските дипломати организирале конференција за ова прашање, меѓутоа обединувањето на Бугарија било официјализирано кога Александар I Батенберг се прогласил за кнез на северна и јужна Бугарија. Александар I Батенберг со оваа одлука, врз себе го навлекол бесот на рускиот цар Александар III кој им наредил на сите Руси - цивили и војници да ја напуштат бугарската територија.
Обединувањето на Бугарија ги раздвижило српските владеачки кругови во Белград. Во Српското Кралство заваладеала воена атмосфера. Српскиот крал Милан Обреновиќ побарал територијална компезација за Србија која требало да биде еднаква на бугарското обединување. Александар I Батенберг за да ја спречи војната, започнал дирекна коресподенција со Милан Обреновиќ, меѓутоа српскиот крал ги одбил сите предлози. Милан Обреновиќ го искористи заминувањето на Русите, објавувајќи и војна на Бугарија. Во самиот почетокот Српско-бугарската војна, Александар I ја презел командата над бугарската војска, а во ноември 1885 година се одиграла одлучувачката битка кај Сливница. Во 1886 година, бил потпишан Вториот букурешки договор со кој Српското Кралство не изгубило територија, но никој повеќе не го оспорил обединувањето на Бугарија.
По војната, бугарскиот политички живот бил поделен на два табори: радикали и либерали. Радикалите го поддржувале принципот на национална независност и се спротивставувале на какво било надворешно влијание во Бугарија, а либералите биле поддржувани од Руското царство и сакале да ги сочуваат бугарските привилигирани врски со Санкт Петербург. Либералите на чело со Занков започнале силна активност за дестабилизирање на положбата на Александар I и бугарската влада составена од радикали. Во август 1886 година, проруските сили извршиле државен удар. Александар I бил извлечен ос војот кревет на спиење и бил принуден да ја напушти Бугарија, а заговорниците на власт го довеле Занков.
Меѓутоа, државниот удар бил неуспешен, бугарските националисти организирале контрареволуција, а Стефан Стамболов го повикал Александар I да се врати во Бугарија. Враќањето на Александар I Батенберг ја усложниле политичката ситуацијата. Рускиот цар Александар III бил спремен да ја прифати контрареволуцијата и нејзините раководители, но не сакал да слушне за Александар I [1]. За да се излезе од таквата состојба, во септември 1886 година, Александар I Батенберг абдицирал и засекогаш ја напуштил Бугарија.
По напуштањето на Бугарската држава, Александар започнал нова воена кариера и станал генерал во австроунгарската војска. По абдикацијата се оженил со Јохана Лојзингер со која имал две деца. Својот единствен син го крстил Крум-Асен во спомен на бугарските владетели од средниот век. Најверојатно ова име било избрано бидејќи Александар се надевал дека ќе се врати во Бугарија, но неговиот син, Крум-Асен фон Хартенау немал потомство [1].