Алцхајмерова болест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алцхајмерова болест (латински: Morbus Alzheimer) — болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од дементните заболувања, следена од васкуларните деменции на второ место и алкохолната деменција на трето.[1]
Алцхајмерова болест | |
---|---|
Споредба на нормален мозок на постаро лице (лево) со мозок на лице заболено од Алцхајмер (десно). Разликите се означени. | |
Специјалност | Неврологија |
Честота | Грешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value) |
Карактеристично е прогресивно влошување на когнитивните функции, со намалена способност за извршување на дневните активности, промени на расположението и карактерот и невропсихолошки симптоми. Години пред манифестирањето на првите симптоми, во мозокот на заболениот се насобираат наслаги составени од бета-амилоидни-(Aβ)пептиди со променета конфигурација. Заедно со наслагите, во невроните се таложат и неврофибрили во облик на клопчиња, карактеристичен патогномоничен знак за оваа болест.
За овие дегенеративни промени, кои се основа на самата болест, сè уште не постои терапија.
Причините за појавата на Алцхајмеровата болест не се целосно разјаснети. Од генетски аспект, востановена е една варијанта на генот ApoE, која претставува фактор на ризик за развој на Алцхајмеровата болест. Покрај тоа, откриени се генетска мутации на уште три гени (пресенилин-1 и -2 и амилоидна претходничка белковина APP), кои можеби се предизвикувачки фактор за ретката рана форма на болеста. Промените во овие четири гени водат до по рано таложење на бета-амилоид во мозокот, за разлика од ненаследните-спорадични форми на болеста. Се проценува дека генетските фактори се само 30% од факторите на ризик за појавата на Алцхајмерова болест.