Ангела Меркел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ангела Доротеја Меркел (германски: Angela Dorothea Merkel;[1] родена Каснер; р. 17 јули 1954 ) — германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и водач на Демохристијанскиот сојуз (ДХС) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.[2]
Ангела Меркел | |
---|---|
Канцелар на Германија | |
На должноста 22 ноември 2005 – 8 декември 2021 | |
Претседател | Хорст Келер Кристијан Вулф Јоахим Гаук Франк-Валтер Штајнмаер |
Заменик | Франц Минтеферинг Франк-Валтер Штајнмаер Гвидо Вестервеле Филип Реслер |
Претходник | Герхард Шредер |
Министер за животна средина | |
На должноста 17 ноември 1994 – 26 октомври 1998 | |
Канцелар | Хелмут Кол |
Претходник | Клаус Тепфер |
Наследник | Јирген Тритин |
Министер за жени и млади | |
На должноста 18 јануари 1991 – 17 ноември 1994 | |
Канцелар | Хелмут Кол |
Претходник | Урсула Лер |
Наследник | Клаудија Нолте |
Член на Бундестагот за Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген | |
На должноста | |
Стапил 2 декември 1990 | |
Претходник | тогаш создаден округ |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ангела Доротеја Каснер 17 јули 1954(1954-07-17) (69 г.) Хамбург, Западна Германија |
Партија | Демократско будење (1989-1990) Демохристијански сојуз (1990-денес) |
Сопружник | Јоахим Зауер (1998–денес) Улрих Меркел (1977–1982) |
Установа | Универзитет Лајпциг |
Вероисповед | Лутеранка |
Потпис |
Образувана во насоката физичка хемија, Меркел влегла во политиката во бранот на револуциите од 1989, кратко служејќи како гласноговорник за источногерманската влада. По повторното обединување во 1990, била избрана во Бундестагот за изборниот округ Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген во покраината Мекленбург-Западна Померанија, која и денес претставува нејзина изборна единица. Подоцна била назначена за сојузна министерка за жени и млади во 1991 под водство на канцеларот Хелмут Кол, по што била унапредена во сојузна министерка за животна средина, заштита на природата и јадрена заштита во 1994. Откако коалицијата ЦДУ/ЦСУ била поразена во 1998 била избрана за генерален секретар на ЦДУ, пред да биде избрана за прв женски водач на партијата во 2000.
По сојузните општи избори во 2005 била назначена за прва жена канцелар на чело на големата коалиција, која се состоела од нејзината партија ЦДУ, нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД). На сојузните општи избори во 2009, ЦДУ добила најголем број од гласовите и Меркел можела да создаде коалициска влада со поддршка на ЦСУ и Слободната демократска партија (ФДП).[3] На сојузните општи избори во 2013, Меркел ги повела ЦДУ/ЦСУ на уште една победа, освојувајќи скоро мнозинство во Бундестагот, со освоени 41,5% од гласовите; разговорите за составување коалиција сè уште траат откако ФДП не успеа да влезе со свои претставници во Бундестагот.[4]
Во 2007, Меркел била претседател на Европскиот Совет и го водела Г8, втора жена (по Маргарет Тачер) која го направила тоа. Играла средишна улога во преговорите за Лисабонскиот договор и Берлинската декларација. Еден од нејзините приоритети бил исто така да ги зајакне трансатлантските економски врски преку потпишување на договорот за Трансатлантскиот економски совет на 30 април 2007. Меркел одигра исклучителна улога во управувањето со финансиската криза на европско и светско ниво и била нарекувана како „одлучувач“.[5] Дома, реформата на здравствената заштита и проблемите во врски со изворите на енергија биле главни проблеми за време на нејзиниот мандат.
Ангела Меркел била опишувана како де факто водач на Европската Унија,[6][7][8][9] и рангирана за втора највлијателна личност во светот од страна на списанието Forbes во 2012, највисок пласман некогаш постигнат од страна на некоја жена, додека според најновите рангирање е сместена на петтото место.[10][11]