Батијална зона
From Wikipedia, the free encyclopedia
Батијалната зона или батипелагиска - од грчки βαθύς (bathýs), длабока - (позната и како полноќна зона) е дел од отворениот океан што се протега од длабочина од 1,000 до 4,000 метри под површината на океанот.[1][2] Се наоѓа помеѓу мезопелагичната зона горе и абисалната зона долу. Просечната температура се движи околу 4 °C (39 °F) степени . Иако по волумен е поголема од фотичната зона, батијалната зона е помалку густо населена. Сончевата светлина не стигнува до оваа зона, што значи дека примарното производство, доколку го има, речиси и да не постои. Нема познати фитопланктони или водни растенија во оваа зона поради недостаток на сончева светлина неопходна за фотосинтеза. Таа е позната како ноќна зона поради оваа одлика.[1]
Батипелагиските океански води се отворен океански екосистем кој се одликува со недостаток на сончева светлина и примарни производители и трофички мрежи кои се потпираат на субвенциите на хранливи материи од епипелагични и мезопелагични води. Термохалинската циркулација обезбедува други ресурси како што е кислородот.[3]