Бајкалско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина на езерото изнесува 1.741 метар.
Бајкалско Езеро | |
---|---|
Координати | 53°30′N 108°0′E |
Вид | Continental rift lake |
Главни приливи | Селенга, Чикој, Килок, Уда, Баргузин, Горна АнгараUpper Angara |
Главни истеци | Ангара |
Слив | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}560,000 km2 (216,000 ми) км2 |
Сливни земји | Русија и Монголија |
Најг. должина | 636 kм (2,087,000 ст) км |
Најг. ширина | 79 kм (259,000 ст) км |
Површина | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}31,722 km2 (12,248 ми)[1] км2 |
Прос. длабочина | 744.4 м (2,442 ст)[1] м |
Најг. длабочина | 1,642 м (5,387 ст)[1] м |
Зафатнина | 2.361.539 km3 км3 |
Проточност | 330 years[2] |
Брег | 2,100 kм (6,889,760 ст) км |
Надм. височина | 455.5 м (1,494 ст) м |
Замрзнато | Јануари-Мај |
Острови | 27 |
Населени места | Иркутск |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Бајкалското е надлабоко езеро во светот[3] и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот.[4][5] Езерото е долго 636 км и околу широко 50 км. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години,[6][7] и затоа е најстаро езеро во светот.[8] Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5 сантиметри. Бајкалското Езеро на западната страна е ограничено со планини, на источниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7 км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по должината на неговиот источен брег, од многуте реки, како што се Баргузин и Селенга, кои при вливот на езерото прават делта. Бајкалското Езеро добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува реката Ангара, единствениот истек од езерото. Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.[9]
Коритото на езерото е толку големо што на сите реки во светот би им требало една година за да го наполнат. Инаку, во езерото се влеваат над 300 реки, а само една третина од дотекот на вода се излева од езерото преку реката Ангара.[10]