Блеки (гитара)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Блеки е прекарот кој Ерик Клептон и го дал на својата омилена фендер стратокастер гитара.
Во 1970-та Ерик Клептон ја замени својата Гибсон гитара со фендер стратокастер, што во голема мера се должело на влијанието на Џими Хендрикс и на неговиот колега од „Blind Faith“, Стиви Винвуд. Неговара прва, чиј прекар бил „Brownie“, ја користел при снимањето на албумите „Eric Clapton“ и „Layla and Other Assorted Love Songs“.
Истата година во продавницата за гитари „Sho-Bud“ во Нешвил, Тенеси, Клептон купил шест „vintage strats“ гитари, секоја по сто долари. Откако по една им доделил на Џорџ Харисон, Пити Тоуншенд и Стиви Винвуд, ги земал најдобрите делови од останатите три и ја состави „Блеки“, именувана според нејзиниот црн крај.[1]
За првпат во живо, со „Блеки“, свирел на 13 јануари 1973 г. на „Rainbow Concert“. Оваа гитара, Клептон ја користел уште многу години, како на сцена така и во студио (како и на гостувањето на концертот „The Last Waltz“). Финално, по концертот во Хартфорд, Конектикат, во 1985, престанал да свири со оваа гитара поради проблеми со нејзиниот врат. Во 1987 била издадена гитарата Ерик Клептон стратокастер, направена во согласност со Клептоновите спецификации, па накратко потоа започнал да го користи овој нов модел.
Последното познато место каде што јавноста ја видела „Блеки“ било на телевизиската реклама, во 1990, за јапонската автомобилска фирма Хонда. На барање од компанијата, Клептон ја искористил „Блеки“ за да сними ново соло на песната „Bad Love“ во Њујорк кое било поставено на рекламата. Оваа гитара на сцена била донесена и за време на снимањта во 1991 во „Royal Albert Hall“.