Вајтос (Октиси)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Вајтос или Градиште — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Октиси. Претставува утврдена населба од раноантичко и римско време. Се наоѓа на 3 км западно од селото, на падините на планината Јабланица, каде се протега на височина со стрмни падини, кои доминираат над Струшко поле. На нејзиниот врв е утврдена населба со димензии од 680 × 80 м. На северната страна се пронајдени остатоци од бедем од хеленистичкото време, широк 2,20 м, сувоѕидан од камени блокови долги до 1,30 м, во „опус псевдоисодомум“. Во западниот дел, градиштето е проширено и доградено со ѕидарија од малтер, од римското време.[1][2]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Вајтос“ | |
Местоположба | 41°14′17″N 20°41′49″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Октиси |
Општина | Струга |
Тип |
населба утврдување
|
Период | раноантичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Затвори