Велешка тврдина
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Велешка тврдина (Велешко кале) — тврдина која лежи 2 кмн јужно од градот Велес, во речниот теснец на устието на Тополка во Вардар[1]. Кале претставува издолжено плато, горе сосем зарамнето и со стрмни падини, високо 50—60 м над реките. Едно помало седло на јужниот дел го одвојува од повисоките планини. Од калето се контролираат два значајни пата што водат во неговото подножје: Вардарската магистрала и стариот пат Велес — Прилеп, што водел долж Тополка.