Венето
регион во Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Венето (италијански: Veneto) — една од дваесетте региони во Италија. Се наоѓа во североисточниот дел на земјата. Главен град е Венеција, а познати градови се и Верона, Падова и Виченца. Венето спаѓа во најголемите и најразвиените италијански покраини. Исто така, Венето со светски познатата Венеција е една од туристички најпосетените области во светот со преку 60 милиони туристи годишно.