Италијански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Италијанскиот јазик (la lingua italiana) кој припаѓа на романската јазична група (фамилија индоевропски јазици) го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живее во Италија, Сан Марино и јужна Швајцарија. Стандардниот италијански јазик е заснован на фирентинскиот дијалект и е нешто како среден јазик помеѓу јазиците на јужна Италија и галско-романските јазици на северот. Стариот тоскански стандарден јазик, во последните неколку децении, попримил влијанија од италијанскиот говор од Милано, економскиот центар на Италија. Италијанскиот е службен јазик во Италија и Сан Марино, као и во Швајцарските кантони Тичино и Гриџони. Италијанскиот заедно со латинскиот е втор службен јазик во Ватикан, заедно со словенечкиот е службен и во словенечките приморски општини Копер, Изола и Пиран, а исто така заедно со хрватскиот се користи и во Истра каде што живее италијанско малцинство. Мошне е раширен и меѓу потомците на иселениците во Луксембург, САД и Австралија. Исто така доста се употребува и на Малта, каде што бил еден од службените јазици а до 1934 година кога бил заменет со англискиот јазик. По малку се зборува и во бившите африкански колонии на Италија, како што се Сомалија, Либија и Еритреја.
Италијански | |
---|---|
lingua italiana (italiano) | |
Изговор | лингуа италиана, л‘италиано |
Застапен во | Италија, Швајцарија, Сан Марино, Ватикан,Истра, Словенија и Хрватска, како и во заедниците на италијанските иселеници во Канада, САД, Аргентина, Бразил, Австралија, Венецуела, Уругвај, Германија, Мексико, Франција, Белгија, Велика Британија и Луксембург |
Подрачје | Апенински Полуостров |
Говорници | како мајчин јазик околу 65 милиони (Вкупно 150 милиони) |
Јазично семејство | |
Писмо | Италијанска азбука |
Статус | |
Службен во | Италија, Швајцарија |
Регулативен орган | Академија Дела Круска |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | it |
ISO 639-3 | it |
Согласно податоците од 2000 година од истражувањето Italiano 2000 кое било промовирано од страна на Министерството за Надворешни работи на Италија и водено од јазичарот Тулио Де Мауро од Универзитетот “Ла Сапиенца” од Рим, италијанскиот јазик е петти по ред во светот кој се изучува во училиштата (по англискиот, францускиот, шпанскиот и германскиот).