Ветар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ветар (ветер) — струењето на воздухот, т.е. ветар (или ветер) се воздушните молекули во движење.
Ветровите често се класифицираат според просторната скала, нивната брзина, видовите сили кои ги предизвикуваат, географските региони во кои тие дуваат и според нивниот ефект. Иако ветрот сам по себе е самостоен временски феномен, може и да се појави и како дел од некоја бура, најзабележително е во циклонот.
Во човечката цивилизација, ветрот ја инспирирал митологијата, го променли текот на историјата, го проширил ланецот на транспорт и овозможил извор на струја за механичката работа, електричната енергија и за рекреација.
Според времетраењето ветровите ги делиме на постојани, периодични и локални.