Ветка Црква (Прдејци)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ветка Црква — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. Претставува сакрален објект од римско време.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Ветка Црква“ | |
Остатоци од Ветка Црква | |
Местоположба | 41°12′45″N 22°30′09″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Прдејци |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори
На североисточната периферија на селото, во непосредната близина на пругата Скопје-Гевгелија се среќаваат грамади од градежен камен и фрагменти од мермерна архитектонска пластика со различна профилација. Тука е најдено и мермерно торзо со претстава на облечена машка фигура во природна големина.[1]
Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија. Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.