Византиска уметност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Византиска уметност — назив за уметничките производи на Византија, како и на нациите и државите кои ја наследиле културата од империјата. Империјата настанала од падот на Рим и траела сè до падот на Цариград во 1453 година,[1] многу источни православни држави во Источна Европа, и во некои од муслимански држави во источното Средоземје, зачувале голем број од делата на империјалната култура и уметност во наедните векови.
Дел од држави современици со Византија ниле под културно влијание на империјата, без притоа да бидат дел од византиската држава. Такви се на пример Бугарија, Србија, и Русите, како и неправославните држави како Венецијанската Република и Кралството Сицилија, кои имале блиски односи со Византија и покрај тоа што биле дел од западноевропската култура. Уметноста создавана од источните православни христијани кои живееле во Отоманското Царство честопати се нарекува „поствизантиска.“ Одредени уметнички традиции кои потекнувале во Византиското Царство, особено во поглед на цртањето на иконите и црковната архитектура се задржани во Грција, Србија, Бугарија, Македонија, Русија и други православни држави до денес.