Викерсова тврдост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викерсова тврдост (Викерсова скала, тврдост по Викерс) — скала која ја изразува тврдоста на материјалите[1]. Се смета за полесен начин на утврдување на тврдоста бидејќи пресметките се независни од големината на втиснувачот, а самиот втиснувач може да се примени врз секакви материјали без оглед на тврдоста. Како и кај другите испитувања, задачата целта е да се одреди во која мера материјалот е способен да се спротивстави на пластично изобличување под дејство на стандарден извор. Викерсовиот метод може да се примени врз сите метали и има мошне опсежна скала. Единицата со која се изразува тврдоста се нарекува Викерсов пирамидален број (HV) или дијаматска пирамидална тврдост (DPH). Овој број може да се претвори во паскали, иако самиот не е истоветен на притисокот, кој исто така се изразува со оваа единица. Бројот на тврдоста се определува од натисокот врз површината на вдлабнатината, а не местото нормално на силата, и затоа не изразува притисок.
Испитувањето е осмислено во 1921 г. од инженерите Роберт Смит и Џорџ Сендленд во британското претпријатие „Викерс“ како алтернатива на Бринеловиот метод.