За да може некој податок да биде вклучен во Википедија потребно е да биде проверлив. „Проверливоста“ во овој контекст би значела дека секој читател мора да биде во состојба да провери дека податокот / содржината која е додадена во некоја статија претходно е објавена од страна на некој доверлив извор, затоа што Википедија не објавува оригинални идеи ниту пак служи за објавување на оригинални истражувања.
|
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
|
Најважното од страницава:
- Статиите треба да содржат само материјал кој претходно е публикуван од страна на доверливи извори.
- Уредувачите кои додаваат или менуваат содржини во статиите со што значително се менува нивната смисла мораат да наведат доверливи извори, во спротивно нивните уредувања може слободно да се избришат.
|
Повеќе информации Начела на Википедија, Глобални начела ...
Затвори
„ |
„Доверяй, но проверяй!“ — руска изрека (Верувај, ама провери!) |
“ |
Википедија:Проверливоста е едно од трите основни правила на Википедија во поглед на нејзината содржина. Другите две правила се: Без оригинални истражувања и Википедија:Неутрална гледна точка. Заедно, овие три правила го одредуваат типот и квалитетот на материјалот кој може да биде објавен во главниот именски простор. Овие три правила не треба да се гледаат одвоено, секој уредник треба да ги има во предвид истовремено трите правила. Овие три правила се непроменливи и не може да ги „надгласа“ никое друго правило ниту пак договор помеѓу уредувачите.