Вистински цицачи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вистинските цицачи (односно еутерии или Eutheria) образуваат група на цицачи која се состои од плаценталните цицачи (како што се луѓето), како и сите оние изумрени цицачи кои се нивни поблиски сродници, а се подалечни сродници на денешните торбари (како што се кенгурите). Тие се разликуваат од нееутериите по низа одлики, како градбата на стапалото, зглобовите, вилиците и забите. Една од поглавните разлики меѓу плацентните и неплацентните еутерии се состои во тоа што кај плацентните отсуствуваат епипубични коски, кои се присутни кај сите други фосилни и рецентни цицачи.
Вистински цицачи Eutheria Период: рана Креда – денес | |
---|---|
Фосил од Eomaia, најстариот познат еутериски вид | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Живородни цицачи |
Инфракласа: | Вистински цицачи Томас Хенри Хаксли, 1880 |
Редови[1] | |
|
Најраниот познат еутериски фосил, Eomaia, беше пронајден во Азија и датира од рана Креда, односно од пред околу 125 милиони години. Денес, плацентните цицачи се единствените преживеани членови на оваа група. Сестринска група на Eutheria е Metatheria, каде припаѓаат торбарите и нивните изумрени роднини.