Власт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Власт е институционална моќ, заснована на нормативни претпоставки кои имаат авторитет, кој произлегува од волјата на граѓаните или општествените организации. Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и се потчинети.[1]