Гаврило Принцип
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гаврило Принцип (25 јули [ст. ст. 13 јули] 1894[1] — 28 април 1918) — член на Млада Босна, југославска организација која барала крај на австроунгарската власт во Босна и Херцеговина. Тој го убил надвојводата Франц Фердинанд на Австрија и неговата сопруга Софи Хотек во Сараево на 28 јуни 1914 година, продолжувајќи еден синџир на настани кои довеле до почетокот на Првата светска војна.[2] Принцип и неговите соучесници биле уапсени, вмешувајќи го српското националистичко тајно друштво познато како Црна Рака, што довело Австроунгарија да издаде демарш на Србија познат како Јулски ултиматум.[3] Ова се користело како изговор за австроунгарската инвазија на Србија, која потоа доведе до Првата светска војна.[4]
Гаврило Принцип | |
---|---|
Гаврило Принцип во неговата затворска ќелија во Терезин | |
Роден(а) | 25 јули 1894(1894-07-25) Обљај, австриско-окупирана Босна и Херцеговина, де јуре Отоманско Царство |
Починал(а) | 28 април 1918(1918-04-28) (23 години) Терезин, Бохемија, Австроунгарија |
Причина за смрт | Туберкулоза |
Почивалиште | Гробницата на Свети Марко, Сараево |
Познат(а) по | член на движењето Млада Босна и за неговото учество во атентатот на надвојводата Франц Фердинанд, искрата на Првата светска војна |
Потпис | |
Принцип беше југословенски националист поврзан со движењето Млада Босна која главно беше составена од Срби, но исто така и од Бошњаци и Хрвати.[5] За време на неговото судење, тој изјавил: "јас сум југословенски националист со цел обединување на сите Југословени, не ми е важно во каков вид на држава, но таа мора да биде ослободена од Австрија."[1]
Принцип починал на 28 април 1918 година од туберкулоза предизвикана од лошите затворски услови, поради кои загубил и рака.