Гевгелиски амам
поранешен амам и денешна уметничка галерија во Гевгелија, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Гевгелиски амам — еден од најзачуваните објекти од отоманската архитектура во Гевгелија. Амамот е изграден во почетокот на XIX век. Амамот конечно бил обновен во 2013 година при што бил зачуван оригиналниот изглед со две куполи - една мала и една голема. Објектот сега служи како ликовна галерија во склоп на Националниот музеј - Гевгелија. Амамот е прогласен за споменик на културата на Македонија.[1][2]