Гелзенкирхен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гелзенкирхен (гер. Gelsenkirchen) — град во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија. Поседува регионална шифра AGS) 5513000, NUTS (DEA32) и LOCODE (DE GEK) код. Според податоците од 2010 година во градот живееле околу 260,000 жители.
Гелзенкирхен
Gelsenkirchen | ||
The Musiktheater im Revier (MiR) Opera House of Gelsenkirchen | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Минстер | |
Округ | Урбан округ | |
Градоначалник | Франк Барановски (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 104,84 км2 | |
Надм. височина | 60 м | |
Население | 259.105 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 2.471 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | GE | |
Пошт. бр. | 45801-45899 | |
Повик. бр. | 0209 | |
Портал | www.gelsenkirchen.de | |
Координати | 51°31′0″N 7°06′0″E |
Првите документирани податоци во кои се споменува Галзенкирхен датираат од 1150 година. Како мало село се споменува во 19 век, кога целата област била зафатена од индустриската револуција. Во 1840 година, кога се почнало со експлоатација на јаглен во блиските рудници, 6,000 жители живееле во Галзенкирхен. Во 1900 година бројот на населението изнесува 128,000 жители.
Во почетокот на XX век Галзенкирхен бил најзначаен ундистриски град по ископување на јаглен во Европа. Нарекуван е и „Град на илјада огнови“ (гер. Stadt der 1000 Feuer), поради чадот кој го замрачувале градод. Во 1928 година Гелзенкирхен се споил со соседние градови Буеро и Хорстом. Градот од тогаш го носи името Гелзенкирхен-Бауер. Така било сè до 1930 година кога градот го вратил својот првобитен назив - Гелзенкирхен. Во текот на нацистичката ера Гелзенкирхен повторно станал центар на производство на јаглен и рафинирање на нафта, па затоа тогаш често бил бомбардиран од зојузниците во Втората светска војна. Денес во Гелзенкирхен повеќе нема рудници за јаглен. Во градот со децении владеела најголемата небработеност во Германија.[2][3] Денес во градот се наоѓа најголемата сончева електрана. Во Гелзенкирхен-Шолвем се наоѓа и термоелектрана на јаглен со најголем оџак во Германија (дури 302 метри).[4]
Во Хелзенкирхен е сместен бундеслигашкиот фудбалски клуб Шалке 04. Стадионот на Шалке, Белтинс Арена е окарактеризиран како најиновативен стадион изграден во опследните неколку години. На него биле организирани неколку натпревари во СП во фудбал 2006 година.