Геомантија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геомантија (грчки: geōmanteia< geo, „земја“ + manteia, „предвидување“) е метод кој се користи за предвидување со помош на толкување на знаци на земјата или толкување на 16 случајни линии од точки направени во песок.
Статии од категоријата Окултизам |
---|
Правци |
Спиритуализам
|
Окултисти, астролози, јасновидци |
Алистер Кроули |
Магиски техники |
Акаша • Акашки записи |
Портал:Окултизам |
Во Африка постои традиција за геомантија со фрлање на кал во воздух и толкување на сликата што се оформила откако калта паднала на тлото. „Ифа“, една од најстарите форми на геомантија, потекнува од западна Африка. Во Кина, гатачот паѓа во состојба на транс и црта знаци на земјата кои ги толкува неговиот помошник.
Во Кореја, овој начин на предвидување бил популарен во IX век. Го употребувал будистичкиот свештеник Тосон.[1]
Геомантијата е дел од задолжителната литература на херметичкиот ред Златна зора кон крајот на XIX век, а и денес се практикува во некои модерни окултни правци.
Христијанските мисионери во Кина, Фенг шуи го превеле како „геомантија“, но ова е сосема погрешно.