Голо Брдо
областа во Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Голо Брдо (албански: Gollobërdë) — географска, претежно планинска област во источниот дел на Албанија и југозападно од градот Дебар во Македонија. Населението во овој регион е претежно македонско, од кои мнозинството се со исламска вероисповед. Македонците од овој дел на Албанија се организирани во здружение наречено „Мир“ чијшто претседател е Кимет Фетаху.
И покрај тоа што Македонците се официјално признаени како малцинска заедница во Албанија, сега за сега македонскиот јазик официјално се употребува само во реонот на Мала Преспа, но не и во Голо Брдо и другите делови на Албанија каде живеат Македонци. Во тие делови македонскиот јазик се користи во домашна и меѓусебна комуникација меѓу Македонците.
Во одредени делови на Голо Брдо постои и одредена група на луѓе кои се декларираат како етнички Бугари и се организирани во здружение наречено „Просперитет Голо Брдо“ чиј претседател е Хаџи Пируши од с. Стеблево. Но, за разлика од Македонците, Грците или Власите кои се официјално признати како малцински заедници во Албанија, албанската држава нема официјално признание за постоење на бугарска малцинска заедница во ниту еден дел од Албанија или дадено право на образование на бугарски јазик и покрај тоа што властите во Бугарија и самодекларираните Бугари во Албанија тврдат дека на Голо Брдо постои население „со бугарска национална свест“. Некои бугарски политичари одат до таму што покрај тврдењата за постоење на бугарско население во Албанија, сакаат да го претстават и македонското население низ Албанија како бугарско агитирајќи меѓу албанските власти.