Горица (Виница)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Горица — населба од доцноантичко време и старохристијанска базилика. На 1,5 километри северозападно од градот Виница, на една тераса што благо се спушта кон левиот брег на Брегалница, со простор од околу 1 хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.
„Горица“ | |
Местоположба | 41°52′58″N 22°30′33″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Виница |
Општина | Виница |
Тип |
|
Период | римско време |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Од 1984 до 1989 година Музејот на Македонија вршел заштитни ископувања при што се откриени темели од помала трикорабна базилика со нартекс и две странични простории, како и остатоци од темели од други објекти. Ѕидовите од базиликата се зачувани во темелните партии, наместа до 1 метар висина, и се градени од речен и кршен камен со варов малтер. Со ископувањата се откриени фрагменти од убава архитектонска и пластика работена во камен (крстови, гулаби и други христијански мотиви).[1]